Одлуката е донесена. Владата го прифати предлогот на Комизијата за заразни болести. Од утре вечер во 22 часот почнува полицискиот час на цела територија на државата, објави ТВ21.
Ќе трае до 5 часот следниот ден. Овие рестрикции и ограничувањата на движењето на граѓаните ќе важат до 22-ри март. Се воведуваат со цел спречување на ширењето на коронавирусот и поради зголемениот број на заразени во последните денови. Целта е да се спречат собири по затворањето на угостителските објекти, пред се на младите.
Министерот Филипче изјави дека со ова ќе се спречи ширењето на британскиот сој на коронавирусот, а Според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски подобро е да има пократко време рестриктивни мерки, отколку да имаме целосно оптоварување на здравствениот систем. Тој вели дека рестриктивните мерки се ограничкувачки, но неопходни за да може да се заштити здравјето и животот на граѓаните.