Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 51-ва седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
На оваа седница ќе се разгледаат препораките од 27-от состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19.
На предлог на Комисијата за заразни болести Владата ќе одлучи дали да се воведе полициски час на цела територија на државата од 22:00 часот до 05 часот следниот ден, во траење од две недели.
Воедно, на предлог на Министерството за одбрана на денешната седница ќе биде разгледана Информацијата за степенот на реализација на втората етапа на вториот Национален акциски план за имплементација на Резолуцијата 1325 „Жени, мир и безбедност” на Советот за безбедност на Обединетите нации (2020-2025) – стратегиска рамка.
Пред министрите, според дневниот ред ќе се најде и Предлог – програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино.
На денешната редовна седница, ќе биде разгледана и Информацијата за потребата од изготвување нова Стратегија на Република Северна Македонија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот, со Акционен план за нејзино спроведување.
За донесените одлуки и заклучоци од седницата, која ќе се одржи преку видеоконференциска интернет врска и која ќе започне во 12:00 часот.