Го поддржуваме Договорот за стратешка соработка со Британија, но по информациите во британски медиумите упатувам прашање до Владата дали е спремна да разговара за сместување мигранти во нашата земја, повика претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес конференција.
„Имено, непосредно после Самитот излезе информација дека откако Албанија го одбила договорот со Велика Британија да прима мигранти, имајќи предвид дека таков договор има со Италија, лидерите на Косово, Северна Македонија, генерално од Западен Балкан кажале дека исто така не се согласуваат да има кампови за мигранти, но се отворени за тоа да се разговара. Упатувам прашање до владата, дали навистина се спремни со Велика Британија да разговараат за сместување на емигранти во нашата земја?“, рече Филипче.
Тој потенцираше дека СДСМ го поддржува Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство и дека пратениците ќе го поддржат во македонското Собрание потсетувајќи дека и владите на СДСМ во минатото имале потпишано таков договор за стратешка соработка.
„Апсолутно го поддржуваме. Нашата Влада во изминатите години има потпишано еден договор за стратешка соработка со Обединетото Кралство и сметам дека тоа е земја, наш сериозен партнер во изминатите години, децении, секогаш, и во кризи кога сме биле, а и генерално во сите процеси за напредок на земјата, Велика Британија давала подршка. Тој чин, тој гест е за поздравување и ние тој Договор кога ќе дојде во Собранието за ратификацика ќе го подржиме“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Текстот Владата да одговори дали е спремна да разговара за примање мигранти во нашата земја, бара Филипче е превземен од МАКФАКС.