Владата на денешната седница ја разреши Ана Петровска од функцијата в.д. директорка на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) и на нејзино место го именува Сретен Стојковски, исто така за в.д. Одлуката е донесена без дебата на седницата со која претседавал првиот вицепремиер, Артан Груби, објави „360 степени“.

Претходно претседателката на ДОМ, Маја Морачанин за порталот А1он.мк изјави дека барањето за разрешување дошоло од ДОМ како партија, а не од неа како лидер. Причините биле дека на Петровска се жалеле во самиот инспекторат, но и граѓани дека наводно поднесувале пријави кои не биле процесуирани. Сепак, реакциите во јавнста се доста негативни, бидејќи според статистичките податоци по доаѓањето на Петровска на оваа фунцкија Државниот инспекторат за животна средина работи подобро, пишани се неколку парични и кривични пријави, а одземени се неколку концесии на богати лица кои експлоатиеале минерални суровини, но ги прекршувале правилата за заштита на животната средина.