Владата донесе одлука за поведување постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
„Разочараноста на Владата од постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира, а секојдневното продолжување со ваквите состојби резултира со нарушена доверба и нефункционирањето на правната држава“, рече портпаролката на Владата, Марија Митева.
Образложи дека одлуката се должи на последниот Индекс на транспарентност кој беше објавен денес и каде детално може да се види дека конкретно четири точки се однесуваат на состојбите кои се случиле во обвинителството и судството.
Дополнително, како што беше посочено, последното именување за вршител на должност Шеф на Вишото Јавно обвинителство во Скопје е одлука која е незаконска, односно надвор од одредбите пропишана во Законот за јавното обвинителство.