Владата на Хамас во Појасот Газа вечерва соопшти дека 20.000 луѓе се убиени во израелските воени операции од почетокот на војната на 7 октомври. Најмалку 8.000 деца и 6.200 жени се меѓу загинатите, а 52.600 луѓе се ранети.

Палестинските екстремисти, предводени од Хамас, убија околу 1.200 луѓе, главно цивили, во нападите врз јужен Израел. Најмногу жртви имало на првиот ден од војната, 7 октомври.

Израелската армија соопшти дека во копнената офанзива во Газа загинале 134 војници. Израел вели дека околу 7.000 палестински екстремисти биле убиени во војната .