Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека од 20:00 часот синоќа до 05:00 часот утрово 36 лица не ја почитувале забраната за движење, додека во изминатото деноноќие, 09/10.04.2021, на територијата на државата за неносење заштита на лице се регистрирани 434 прекршоци.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на КОВИД-19.