Четири нови авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром, до Италија, Германија и Данска, од декември 2021, најави Виз ер, најбрзо растечката авиокомпанија во Европа, информираат од ТАВ Македонија.
Виз ер ќе воведе три нови дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје – Болоња и Торино, двете во Италија, како и Билунд во Данска, додека од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, авиокомпанијата ќе почне да лета до Фридрихсхафен, Германија.
Како што најавува авиокомпанијата, првите летови до сите дестинации ќе почнат да во декември 2021 година. Визер почна со продажба на авиобилети, кои се достапни на wizzair.com и преку mobile app.
Новите летови до Болоња, Торино, Фридрихсхафен и Билунд се воведуваат благодарение на поставувањето на петтиот авион во базата на Виз ер во Скопје.
-Пресреќни сме што и покрај моменталната криза во авијацијата и рестрикциите за патување поради КОВИД-19, Виз ер најавува четири нови авиолинии од аеродромите во Скопје и Охрид и го позиционира за сообраќај петтиот авион во базата на Меѓународниот аеродром Скопје. Се надеваме дека најавените нови дестинации – Болоња, Торино и Билунд од Скопје, како и Фридрихсхафен од Охрид, ќе бидат привлечни за нашите патници, па оттука и дека ќе ја искористат можноста да ги откриваат овие нови градови и да уживаат во незаборавно патничко искуство, изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија.
Како што информираат од Виз ер, овие нови дестинации се уникатни по нивната култура, природа и гостопримливост. Позната по своите прочуени кули, цркви и раскошни порти, Болоња е еден од најпопуларните градови во Италија. Во градот има голем број студенти што му дава космополитски карактер. Торино од друга страна пак, е познат по префинетата архитектура и кујна. Градот Билунд е дом на вториот по големина аеродром во Данска и е центар на забавата во Европа, каде може да се најдат атракции за секој член од семејството, особено за најмладите благодарение на познатиот Леголенд. Сместен директно на брегот на езерото Констанца, во Фридрихсхафен се сè врти околу акција и забава во, околу и на вода.
-Среќни сме што најавуваме проширување на нашата мрежа на авиолинии од Северна Македонија до нови дестинации во Италија, Германија и Данска. Со новите услуги од Скопје до Болоња, Торино и до Билунд, како и од Охрид до Фридрихсхафен, Виз ер нуди уште повеќе различности во однос на дестинациите за Македонците. Секој може да ужива во ниските цени и да патува безбедно до омилената дестинација со цел да открива нови места со нашите модерни воздухоплови. Се радуваме што ќе ги пречекаме првите патници до овие нови возбудливи дестинации, изјави Паулина Госк, менаџер за корпоративни комуникации на Виз ер.
ТАВ Македонија истакнува дека како аеродромски оператор тие имаат имплементирано строги мерки за здравје и безбедност со цел да се спречи ширењето на КОВИД-19 во аеродромските објекти. Меѓу другото, Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид се стекнаа со акредитација од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) во рамки на Програмата за здравствена акредитација на аеродромите, што претставува нов меѓународен репер во однос на спроведени здравствени мерки на аеродромите ширум светот, креирана за да помогне да се увери патувачката јавност дека аеродромските објекти остануваат безбедни и дека се преземаат мерки на претпазливост за да се намали ризикот по нивното здравје.
Од ТАВ Македонија ги потсетуваат сите патници да ги почитуваат мерките за здравје и безбедност, што значи да не доаѓаат на аеродром доколку имаат симптоми на болест, да носат маска постојано, да одржуваат физичко растојание и да практикуваат високо ниво на лична хигиена.
Во исто време, од 19 август 2021 година, согласно новите владини мерки, ТАВ Македонија воведе нови правила за влез во терминалните згради на двата аеродрома: Приложување на сертификат за вакцинација, или сертификат за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, или медицинска потврда за негативен КОВИД-19 тест, PCR не постар од 72 часа, или брз антиген тест не постар од 48 часа. Овие правила не се однесуваат на лица под 18 години.
Виз ер и натаму е во првите редови во индустријата со применети строги здравствени и хигиенски мерки за заштита на патниците и екипажот. Додека Хепа-филтрите на сите авиони на Виз ер ги филтрираат 99,97% од вирусите и бактерии од воздухот, протоколите на Виз ер опфаќаат упатства за физичко растојание, обезбедуваат ултра-чиста животна средина и се редуцираат сите несуштински интеракции и физички контакт, така што патниците на Виз ер можат да се бидат сигурни дека безбедно патуваат до нивната дестинација.
Виз ер ги советува патниците да ги проверат регулативите за патување пред да го почнат патувањето. Со најновите подобрувања на Картата за планирање патувања //Travel Planning Map// на Визер, патниците можат да ги проверат ажурирањата за ограничувањата за патување во рамките на нивната мрежа на дестинации. Веб-страницата со кодови во боја прикажува сеопфатна карта на можни дестинации до кои што патниците можат да патуваат, со соодветни линкови до владини веб-страници, страници со информации за патување и сите формулари што треба да се пополнат пред поаѓање.
Виз ер исто така им препорачува на патниците да додадат WIZZ Flex на нивната резервација, за дополнителна заштита. Со тоа, патниците можат да изберат да патуваат на друг датум, или на друга дестинација, како и да имаат можност да го откажат својот лет до 3 часа пред полетување без надомест и да добијат 100 отсто од оригиналната цена веднаш надоместен во вид на кредит на авиокомпанијата за следни патувања.