Дали и лимоните влегуваат во тимот на супер храна на денешницата? Секако! Лимоните се добри за вашето срце, можат да помогнат при слабеење, да спречат или да ги намалат камењата во бубрезите a можат да го намалат и ризикот од срцеви заболувања, дијабетес и мозочен удар.
Еден лимон има 34,4 милиграми витамин Ц. Истражувањата на Националниот институт за здравство во Америка покажаа дека на возрасните жени им се потребни 75 милиграми витамин Ц на ден, а на возрасните мажи околу 90 милиграми.
Истражување од 2012 година покажа дека цитрусните овошја како лимонот содржат флаваноли кои можат да обезбедат одредена кардиоваскуларна заштита. Цитрусните флавоноиди можат значително да го намалат ризикот одкардиоваскуларни болести и дијабетес тип 2.
Според студијата објавена во 2014 година од „Advances in Nutrition“, лимоните исто така можат да помогнат при слабеење, па дури и да го спречат зголемувањето на телесната тежина. Сепак, оваа студија беше спроведена на глувци, и неопходно е да се направат дополнителни истражувања врз луѓе за да се утврди дали лимоните навистина имаат соединенија кои помагаат при слабеење и спречување на зголемување на телесната тежина.
Пиењето вода со лимон често се гледа како помош при слабеење, но не е потврдено дали во процесот помага водата, или лимонот.
Лимонската киселина во лимоните може да помогне во спречување на процесот на создавање на камења во бубрезите. Камењата во бубрезите се тврди наслаги составени од минерали и соли кои се формираат во бубрезите и мора да се пренесат преку уретерот, до мочниот меур за да се исфрлат.
Д-р Брајан Ајснер вели дека пиењето сок од два лимона секој ден, може да помогне во намалување на ризикот од камен во бубрег како резултат на цитратот што го содржат лимоните.
Одличен начин да додадете лимон во вашата исхрана е да уживате во водата со лимон. Исцедете го сокот од лимонот во чаша, додадете малку мраз и уживајте. Самиот факт дека пиете доволно вода може исто така да помогне да се спречи болката која ја создаваат камењата во бубрезите.
Сите овие докази покажуваат дека витаминот Ц, растителните соединенија и диеталните влакна во лимоните имаат бројни здравствени придобивки. Додадете ги во вашата редовна исхрана, лимоните ќе помогнат во намалување на ризикот од развивање несакани болести.