Поголемите концентрации на полен во воздухот се совпаднаа со зголемениот број на луѓе кои се заразиле со ковид-19, покажа новата студија.

Користејќи податоци од 130 локации во 31 земја, истражувачите откриле дека количините на полен во воздухот, комбинирани со влажноста и температурата, придонеле за 44% зголемување на инфекции со коронавирусот во текот на пролетта 2020 година, пренесува „Reuters“.

Profimedia
Profimedia

Ефектот не е поврзан со алергии на полен, а извештајот објавен во понеделникот во Националната академија на науките на САД, објаснува дека изложеноста на полен ја намалува способноста на респираторниот тракт да се одбрани од вирусот затоа што го намалува ослободувањето на антивирусниот протеин интерферон.

Студијата исто така покажа дека при слични концентрации на полен, бројот на инфекции се намалил за време на карантините, бидејќи забраните за движење ја ограничуваат пристапот до вирусот, но и до поленот.

EPA-EFE/ACHILLEAS CHIRAS

Бидејќи не можеме да избегнеме изложеност на полен, ги советуваме лицата кои спаѓаат во поризичните групи да носат посебни маски со филтер во периодот кога има вироки концентрации на полен“, изјави ко-авторот на студијата Атанасиос Дамиалис од Техничкиот универзитет во Минхен.