Потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешни работи Жозеп Борел, вчера пристигна во посета на Македонија.
На Меѓународниот аеродром Скопје, го пречекаа заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир.
Ова е прва официјална посета на Борел на Северна Македонија, како висок претставник на ЕУ, во чии рамки денеска ќе оствари средби со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, министрите за надворешни работи и за одбрана, Бујар Османи и Славјанка Петровска.
Според најавите од Делегацијата на ЕУ во Скопје, Борел ќе има средби и со лидерите на опозициските партии.