Висок функционер од Владата за „Слободен печат“ брифира дека лидерот на СДСМ и иден мандатар Димитар Ковачевски до 10 јануари ќе ги достави до Собранието програмата и новиот владин кабинет, а изборот на владата се најавува да биде на 17 јануари.
Од утре почнуваат да течат уставните рокови, според кои шефот на државата е должен во рок од 10 дена да го довери мандатот на партијата, односно на партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандатар ќе биде новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски. Тој во рок од 20 дена е должен да му поднесе на Собранието програма за работа и состав на новата влада.
Но според информациите со кои располага „Слободен печат“, се очекува целата постапка да се забрза и Македонија да добие нова влада предводена од Ковачевски веќе на 17 јануари.