Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски најави дека институциите се подговени за стартот на новиот модел на субвенционирање.
На сајтот на АФПЗРР е објавена УРЕДБА ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА,
КОРИСНИЦИТЕ НА СРЕДСТВАТА, МАКСИМАЛНИТЕ ИЗНОСИ И НАЧИНОТ НА ДИРЕКТНИТЕ ПЛАЌАЊА ЗА 2023 ГОДИНА
Ние ви пренесуваме дел од уредбата, што се однесува на директните плаќања за сите поледелски култури, ароматични, лековити и зачински растенија, освен тутунот.
1.1. Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија, освен за тутун
-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои во производната 2022/2023 година имаат засеани и ожнеани површини со по обработлива следните култури: пченица, јачмен, пченка, рж, овес, ориз, тритикале, хељда, сирак, суданска трева, просо, хмел, лен, лека, кикирики, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка, афион, шеќерна репка, памук, анасон, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок и наут (слануток), за засеана или одржувана површина со луцерка, како и лековити, ароматични и зачински растенија,
-Минимум засеана површина збирно за сите култури е 0,5 ха во производната 2022 2023 година,
-Висината на директни плаќања за сите наведени култури од алинејата 1 од оваа подмерка изнесува 6.000 денари по хектар,
-Листата на засеани култивирани лековити, ароматични и зачински растенија, кои се предмет на директни плаќања согласно алинејата 1 од оваа подмерка е дадена во Прилог 1, кој е составен дел на оваа уредба,
-Листата на повеќегодишни култивирани лековити, ароматични и зачински растенија, кои се предмет на директни плаќања согласно алинејата 1 од оваа подмерка е дадена во Прилог 2, кој е составен дел на оваа уредба и
-Висината на поддршката од алинејата 3, од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 0,5 ха до 50 ха 100%, од 50 ха до 100 ха 60% и над 100 ха 30% збирно за сите култури.
1.2. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за употреба на сертифициран семенски материјал, освен за ориз
-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои во производната 2022/2023 година имаат засеани со сертифициран материјал и ожнеани површини со пченица, јачмен, пченка, сончоглед и маслодајна репка, освен за ориз без употреба на сертифициран семенски материјал,
-Висината на дополнителните директни плаќања за пченица, јачмен и пченка изнесува 7.000 денари по хектар, со употреба на сертифициран семенски материјал согласно минимално употребената количина на семе по хектар, со исклучок на производството за био маса наменето за гасни биоцентрали за кои не се исплаќа поддршка,
-Висината на дополнителните директни плаќања за сончоглед и маслодајна репка изнесува 4.500 денари по хектар, со употреба на сертифициран семенски материјал согласно минимално употребената количина на семе по хектар,
-Висината на дополнителните директни плаќања за ориз изнесува 12.000 денари по хектар, без употреба на сертифициран семенски материјал,
-Табелата за минимално употребената количина на семе по хектар е дадена во Прилог 3 кој е составен дел на оваа уредба и
-Висината на поддршката од алинеи 2, 3 и 4 од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 0,5 ха до 50 ха 100%, од 50 ха до 100 ха 60% и над 100 ха 30% збирно за сите култури.
1.3. Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион
-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои се корисници на подмерката 1.1. од оваа уредба, кои имаат засеани и ожнеани површини со пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион и оствареното производство го имаат продадено ВО преработувачки капацитети вклучително и за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, а се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи,
-Корисници на оваа подмерка се и земјоделски стопанства кои се корисници на подмерката 1.1. од оваа уредба кои своето производство од пченица и јачмен го продале на регистрирани одгледувачи на добиток, вклучително за сопствени потреби за исхрана на добиток регистриран со регистарски број на одгледувалиште, во регистарот на одгледувачи на животни во Агенцијата за храна и ветеринарство. Прифатлив број на животни на површина од 0,7 ха: едно говедо или еден копитар, односно 10 овци или кози, односно 4 свињи, односно 100 кокошки, мисирки, гуски, патки или бисерки,
-Висината на дополнителите директни плаќања е условена со минимални просечни приноси и тоа 3.000 кг/ха за пченица и јачмен, 1.500 кг/ха за сончоглед, 1.800 кг/ха за маслодајна репка, 300 кг/ха за афион.
-Висината на дополнителните директни плаќања за пченица, јачмен, сончоглед и маслодајна репка изнесува 6.000 денари по хектар и за афион изнесува 18.000 денари по хектар.
-Висината на поддршката од алинеја 4 од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 0,5 ха до 50 ха 100%, од 50 ха до 100 ха 60% и над 100 ха 30% збирно за сите култури.
Превземено од Агротим.мк