Винариите ќе откупат околу 90 милиони килограми грозје, соопшти денеска претседателот на регионалното здружение „Лозароовоштари” Дане Јошев, пренесувајќи ги информациите од вчерашната средба со министерот за земјоделство Арјанит Хоџа и претставниците на другите земјоделски здруженија.
Јошев очекува наредната недела да се одржи нова средба, на која ќе се разговара за откупната цена.
-Бараме, постигнатата цена да биде заштитена со закон и да нема можност одделни винарии да манипулираат со цените. Бараме исто така засилени инспекциски контроли за да нема крадење на вагите и при мерењето на шеќерноста, како и прогласување елементарна непогода поради сушата, истакна Јошев на прес-конференција.