Џек Вилшир вчера беше забележан во тренинг комплексот на Арсенал и подоцна во текот на ноќта во живо го гледаше натпреварот на У-23 тимот против Бурнмаут, слики кој менаџерот Микел Артета најави дека ќе станата секојдневие во блиска иднина, бидејќи клубот решил да му подаде рака на својот најголем талент од пред десетина години.
Вилшир изминатиот месец се пожали дека му е екстремно тешко што не може да си пронајде нов клуб и откри дека веќе размислува и за пензија на свои 29 години, намера во која сега ќе се обиде да го спречи Арсенал со помошта која ќе му ја укаже се додека Џек не го добие тоа што го посакува.
Арсенал му ги отстапи тренинг центрите и Џек ќе може да тренира со тимот на Арсенал, но истворемено, ќе собира искуство и ќе ги нанижува тренерските лиценци кои се потребни еден ден да ја извршува функцијата на менаџер.
– Сакаме да му помогнемен а Џек да се подготви за својата следна фаза во кариерата, физички и ментално. Тој е подготвен да биде дел од клубот во секое поле. Тоа е почетната идеја и немаме ништо подетално разгледувано.
– Многу сум среќен што е тука назад со нас. Имавме убав разговор и свесен е дека сите во клубот се согласија да му помогнат. Ќе тренира со нас, ќе биде околу клубот и ќе продолжи да собира лиценци за тренерска работа. Многу е заинтересиран и за тоа. Наша цел е да направиме да биде фит и да има одлично влијание врз младите играчи во академијата. Сите го сакаме, тој е дел од нашата историја и сакаме да му помогнеме, – изјави денеска Артета.