Заврши дуелот од петтото коло на Премиер лигата, во кое Астон Вила на домашен терен го совлада Евертон.
По еден час интересен фудбал во кој недостасуваа само голови, започна хорор за гостите од Ливерпул.
Асмир Беговиќ беше на голот на Евертон на овој натпревар и ќе се обиде што побрзо да ја заборави оваа ноќ во Бирмингем.
Кеш во 66. минута донесе водство од 1:0 на Вила, а три минути подоцна Беговиќ и Диње реагираа лошо и Диње си постигна автогол за 2:0.
Нокаутот на Карамелите го „сервираше“ Бејли со гол во 75. минута по одличниот контра напад и асистенција на Ингс.
До крајот на натпреварот имаше неколку добри прилики пред двата гола, но заврши со 3:0 во корист на тимот од Бримингем.