Актерот Вил Смит гостуваше на последното издание на американскиот политички подкаст „Pod Save America“, каде откри дека размислува за кариера во политиката.

Сигурно ќе го одработам својот дел, без разлика дали ќе остане уметнички или, во одреден момент, ќе биде вложување во политичката арена“, одговори Смит на прашањето дали би влегол во политиката во иднина.

epa-efe
EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Актерот додаде дека сепак, засега, не му се брза.

Засега, ќе почекам прво да ја исчистат таа канцеларија“, додаде тој.

Смит ги разгоре шпекулациите покажувајќи интерес во политиката откако се појави во документарната серија „Amend: The Fight For America“ во продукција на „Netflix“.

Серијата ја разгледува историјата и иднината на 14-тиот амандман на Уставот, камен-темелник на еднаквоста на правата и заштита на законот за сите луѓе во Соединетите држави.

Instagram
Instagram

14-тиот амандман во суштина е центарот на она за што мислиме кога мислиме за себе дека сме Американци… Тоа всушност е како сеопфатен амандман со кој станува јасно дека сите Американци се еднакви според законот“, изјави актеорт.

52-годишниот актер додаде дека е „оптимист“ и дека се надева и верува во разбирање меѓу луѓето. „Верувам во можноста за хармонија“, посочи Вил Смит.