Првиот човек на иницијативата „Испрати бугарска книга во Македонија“ Виктор Стојанов преку социјалната мрежа facebook упати повик до директорот на АНБ, Виктор Димовски да се појави пред медиумите и да објасни зошто припадници на агенцијата со којашто раководи се јавуваат на македонски државјани и ги повикуваат на разговори заради нивното учество во иницијативата.
„Повикувам од мое лично име и од името на Фондацијата Македонија, шефот на Службата за национална безбедност на РС Македонија – Виктор Димовски да се појави пред македонските медиуми и да објасни зошто неговата служба се јавува и ги прашува обичните граѓани со бугарски идентитет за мене, нашата иницијатива со книги и за тоа како тие ќе се запишат на претстојниот попис во РС Македонија“, пишува Стојанов.
Стојанов го повикува Виктор Димовски, да објасни зошто агентите ги предупредуваат луѓето да бидат „внимателни“ и зошто отворено им се закануваат.
„Имаме напишано поплаки што се доставени до амбасадорот на Бугарија во РС Македонија и тие ќе станат суштински дел од истрагата на Министерството за надворешни работи на Бугарија. Пишаните поплаки на испрашуваните исто така ќе станат дел од извештајот на ЕУ за напредокот на РС Македонија на патот кон ЕУ на 25 март“, вели Стојанов.