Во недела, 26 октомври, точно во 3:00 часот наутро, завршува летното и започнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, што значи дека времето во 3:00 ќе се смета како 2:00 часот.

Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини посочуваат дека „одлуката за промена на сметањето на времето во земјава е донесена врз основа на годишната практика за регулирање на сметањето на времето и има за цел усогласување со европската регулатива во оваа област“.

Зимското сметање на времето традиционално почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд во март, кога повторно започнува летното сметање.

Истиот принцип се применува и во најголемиот дел од европските земји, со исклучок на Исланд, Русија и Белорусија.