Кафулињата, рестораните, односно сите угостителски објекти, како и трговски центри во Србија, ќе работат до 14 часот за време на викендот, односно утре и в недела, одлучено е на штотуку завршената седница на Кризниот штаб за борба против вирусот корона, пренесува „Блиц“.

Членовите на Кризниот штаб не дале изјави за медиумите по седницата, но, како што се дознава, тие ќе ѝ се обратат на јавноста на прес-конференција во 15 часот.

– Advertisement –

Прикажи повеќе