Скопските возачи во текот на првиот ден од викендот значително ги кршеле сообраќајните прописи. МВР денеска соопшти дека во засилени акциски контроли на територијата на град Скопје вчера се изречени 199 мерки од кои 49 за управување со брзина поголема од дозволената, а 29 за возење под дејство на алкохол.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 23 од изречените мерки се за возење без возачка дозвола, 11 за нерегистрирани и технички неисправни возила, пет за поминување на затворен семафор (црвено светло), 12 за користење на мобилен телефон, седум за некористење на сигурносен појас, а 29 се санкции за непрописно паркирање.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, истакнуваат од МВР.