Потпретседателот на Социјалистичката партија на Бугарија, Кристиан Вигенин смета дека има македонската страна има погрешен пристап во решавањето на проблемите со Бугарија.
„Ми се чини дека има едно неразбирање од македонската страна за тоа дека проблемите што стојат треба да бидат решавани преку јавни изјави, пропаганда и претставување на сопствената гледна точка пред партнерите, очекувајќи тие да извршат притисок врз Бугарија“, вели Вигенин во интервју за ZOOM.MK.
Тој верува дека бугарско-македонскиот спор може да се реши на билатерална основа затоа што тоа е темелот на стабилни односи што треба да се градат во иднина.
„Ако ние не успееме да изградиме меѓусебна доверба, ако ние самите не можеме да ги решиме овие прашања што остануваат, не мислам дека тоа може да го направи некој друг наместо нас“, уверува Вигенин.