Најмалку 15 морнари се водат како исчезнати, откако брод кој пловел под панамско знаме, денеска се преврте во морето кај Виетнам.

Инцидентот се случи во близина на провинцијата Бинх Туан, кога се преврте бродот Син Хонг, чиј екипаж бил составен од 11 Кинези и четворица Виетнамци, кои превезувале 7.800 тони глина од Малезија во Хонгконг.

Морнарите побарале помош од виетнамската крајбрежна стража претходно денеска, кога бродот навлегол во разбрануваното море, соопштија локалните власти.

Виетнам испратил спасувачки екипи, вклучувајќи и брод на крајбрежната стража, во потрага по исчезнатите морнари, но бил пронајден само превртениот брод на кој немало никого. (МИА)