Барселона синоќа со 3:2 славеше против Бетис на гостински терен. Каталонците губеа до 59-тата минута, односно додека Меси не влезе во игра. Да, тој овој меч го почна од клупата, домаќинот поведе преку Иглесиас во 38-та минута. Аргентинецот во игра влезе во 57-та, а две минути подицна израмни на 1:1. Целосен пресврт се случи благодарејќи на автоголот на Руиз во 68-та минута, но истиот играч во 75-тата израмни на 2:2. Сепак, не успеа целосно да се извади за голот, бидејќи Тринкао во 87-та погоди за победа на Барселона.

По мечот Куман беше запрашан зошто Меси натпреварот го почна од клупата за резервни фудбалеир.

-Зборував со Лео за да му дадам одмор и да го ставам во игра само ако има потреба за тоа. Кога истрча на теренот веднаш го промени цел натпревар., изјави тренерот на Барселона.

loading…