Поранешната шампионка во УФЦ, Ронда Роузи ја заврши кариерата во 2016 година.
По двата тешки порази во низа, првиот од Холи Холм по кој ја загуби шампионската титула, а вториот од се уште актуелната шампионка Аманда Нуњез, Ронда Роузи одлучи да се пензионира.
По заминувањето од УФЦ, Роузи едно време помина во кечерската ВВЕ по што во целост се повлече од спортот и шоу бизнисот и се посвети на животот на селот со сопругот Тревис Браун кој исто така е поранешен ММА борец.
Тие живеат на фарма и според фотографиите кои Роузи ги објавува на социјалните мрежи, но и според нивните зборови, тие уживаат во мирниот живот.
Ранчот на Роузи и Браун е полн со животни, сами си одгледуваат земјоделски производи бидејќи не сакаат да купуваат во продавници и се хранат само со тоа што тие самите ќе го произведат.
– Тревис и јас паметно располагаме со парите кои ги заработуваме. Не купуваме ништо непотребно и инвестираме во извори на вода. Не сакаме да се расфрламе со пари купувајќи вида и секогаш имаме сопствени залиги. Исто така имаме соларни панели и не фрламе пари на сметки за струја. Имаме и сопствена фарма, животни и не ни паѓа на памет да купуваме во супермаркети. Исто така не живееме од кредити и позајмици – вели Роузи и додава:
– Избравме свој живот на начин трошоците да ни бидат минимални и среќни сме со тоа што го имаме. Наместо да ја следиме човечката филозофија „Како да заработиме што повеќе?“, ние со создадовме наша „Како помалку да купуваме, како повеќе да произведеме од сопствени извори и како да бидеме среќни и задоволни“.
Роузе вели дека не планира да се врати на градскиот живот.
– Убаво е да се живее во град додека си млад, но јас отсекогаш сакав нешто вакво. Како старееш така повеќе сакаш да се вратиш во природата. Сакам да бидам обична и своите деца да учам на тоа што моите родители мене ме учеа – вели Роузи.