Под слоганот ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ, Видеолотарија Касинос Австрија уште еднаш гласно и без задршка, застанува на линијата за промовирање и поддржување на спортот. Нашиот фокус сега ќе бидат натпреварите на КФСМ во претквалификациите за Евробаскетот 2025.
Ни претставува задоволство што повторно ќе навиваме заедно за Македонија. Соработката со КФСМ не е новина. Веруваме дека сите заедно може да стигнеме до победа.
Претседателот и секретарот на КФСМ, Перо Антиќ и Владимир Георгиевски изразија благодарност за поддршката, апелирајќи примерот на Видеолотарија да го следат и другите компании.
За добри услови и резултати, неопходни се финансии. Видеолотарија секогаш е со нас и благодарност до целиот нивни тим. Потребни се одлични услови за клучните два натпревара за нашите репрезентативци, а Видеолотарија излезе во пресрет да ни помогне во таа намера. Апел уште повеќе компании да помагаат во кошарката, фудбалот и во кој било друг спорт, изјави Антиќ на прес конференцијата.
Македонската кошаркарска репрезентација ја очекуваат два дуели против Норвешка (10. ноември) и Данска (13. ноември) во претквалификациите за Евробаскетот 2025.
#ИграјОдговорно # ИГРАЈСОНАЈДОБРИТЕ