Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да биде пријател на спортот. Под слоганот Играј со најдобрите, обезбедивме спонзорство за скијачкиот клуб Меденица во вредност од 616.950,00 денари. Средствата од спонзорството се бидат наменети за помагање и поддршка на кариерата на македонските алпски скијачи Мирко Лазарески и Дардан Дехари.
Дардан Дехари има долга и богата кариера и настапи на многу големи меѓународни натпревари, а оваа година беше единствениот алпинец во тричлениот олимписки тим на Македонија за зимските олимписки игри во Пекинг. Тој се натпреварува уште од мали нозе, ги минал сите возрасни категории, учествувал на светски првенства, на трки во Светскиот куп и многу други меѓународни натпревари.
Мирко Лазаревски е најдобар македонски скијач во неговата возрасна категорија. Тој учествувал на олимписките игри за млади во Лозана, европските олимписки игри во Финска, како и други меѓународни натпреварувања.
И Дардан и Мирко очекуваат солиден настап на светското натпреварување следната година во Италија. Средствата од спонзорството на Видеолотарија ќе им помогнат во подготовките и настапот на ова натпреварување.
#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #ИграјСоНајдобрите