Видеолотарија Касинос Австрија во континуитет, посветува внимание и го поддржува македонскиот спорт. Во таа насока, би сакале да ја истакнеме важноста на клубовите и нивната посветеност во спортското работење. Поради овие причини, одлучивме да го поддржиме ССК Магнум Богданци. Средствата од нашата донација, веруваме дека ќе придонесат за реализирање на спортските предизвици на клубот.

Advertisements

Само за потсетување, со донација од 1.167.391,00 денари, Видеолотарија Касинос Австрија придонесе да биде ставено во функција инклузивно детско игралиште во општината Карпош. Ова игралиште е прво од амбициозниот проект за изградба на повеќенаменски и спортски игралишта низ целата земја. Годинава преку донација ваучер во вредност од 50.000 евра го поддржавме и фудбалскиот клуб Академија Пандев.

Видеолотарија Касинос Астрија како општествено одговорна компанија постојано се обидува да придонесе со низа активности, настојувајќи да одговори на молбите за поддршка кои пристигнуваат до нас.

Прикажи повеќе