Во време кое ни наметна многу неизвесности поради пандемијата, многу важно е да се донесуваат значајни одлуки, од кои придобивки ќе имаат сите, а посебно најмладите. Видеолотарија Касинос Австрија со амбициозен план во периодот кој следи, сака да придонесе децата, нашата иднина, да имаат вистински можности за правилен раст и развој. Целта ни е да ги активираме младите, да ги поттикнеме да се дружат и да развиваат здрави навики. Јасно ни е дека децата мора да имаат простор каде може да уживаат во безгрижно детство, па затоа и одлучивме да го подготвиме овој амбициозен проект низ кој ќе обезбедиме децата да добијат повеќенаменски и спортски игралишта на неколку локации во земјата.

Advertisements

Со донација од 1.167.391,00 денари, Видеолотарија Касинос Австрија придонесе да биде ставено во функција, инклузивното детско игралиште. Игралиштето се наоѓа во општината Карпош, на т.н локација Пожарна Веро Тафталиџе. Се работи за модерно игралиште, со повеќе реквизити. Новиот и модерен изглед на ова игралиште, веруваме дека ќе придонесе за забава на сите деца, во што ќе може да се уверат уште денес.

До крајот на годинава, планирано е да се завршат 7 игралишта кои се во фаза на градба. Во компанискиот план за општествена одговорност предвидени се мултифункционални и спортски игралишта.

Спортските игралишта ќе бидат изградени по светски стандарди за играње мал фудбал, ракомет и кошарка. Овие игралишта ќе бидат дел од компаниската стратегија за повеќегодишно вложување во спортот, а со цел постигнување на врвни спортски достигнувања и мотивирање на младите активно да се посветат на спортот. Со реализација на оваа стратегија, Видеолотарија Касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните. Нашата идеја  е да придонесеме во развојот на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики, преку забава и игра.