Бившиот премиер Љупчо Георгиевски, во мега-интервјуто за весникот „Лајм“ и „Лајм ТВ“, меѓу другото истакна дека „југославизмот“ или „србизмот“ денеска, во Македонија, е посилно отколку во деведесеттите години.
Љ.Георгиевски: „….немаше желба изворна, автохтона, масовна да кажат македонците сакаме самостојна и независна Македонија“.
А, на прашањето: „Од страв, ли?“, Георгиевски одговори: „И од страв, и од југословенство“. „Како денес што сме, и тогаш бевме југословени… Дури што е најинтересно. Тогаш имаше структура која се организираше околу ВМРО – ДПМНЕ, која беше спремна да му се спротистави на српската агресија. Во овој момент мислам дека таква структура не постои. Мислам дека денеска југословенството и српството е по силно отколку во деведесеттите години.“, изјави Љупчо Георгиевски за „Лајм“.