Во последните 24 часа, во Италија починале 415 пациенти како последица од коронаворисот, 63 повеќе од претходниот ден, објави Министерството за здравство на Италија.

Луѓе пешачат во Рим, Италија, 21 декември 2020/Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Дневниот број на новозаразени е помал од претходниот ден и изнесува 10.872, но за време на викендот се направени помал број тестови, што резултираше со помал број нови случаи.

Божиќен ѓопинг во Рим, Италија, 21 демкември 2020 година/Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Во Рим денеска е регистриран првиот случај на заразено лице со новиот мутиран вирус, кој се рашири во Велија Британија.

Од почетокот на пандемијата во Италија, регистрирани се вкупно 69.214 смртни случаи, најмногу во Европа, а потврдени се над 1,96 милиони случаи на ковид-19, објави Ројтерс.

Новогодишна атмосфера во Рим, Италија, 21 декември 2020 година/Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Во моментов, 25.415 лица се хоспитализирани во италијанските болници, а 2.731 во единиците за интензивна нега.

Дечиња се радуваат на новогодишната атмосфера во Рим, Италија, 21 декември 2020 година / Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI