Една од нашите најпознати пејачка Тамара Тодевска денес го прослави својот роденден. За разлика од претходните роденденски прослави, овој пат беше малку поинаку.
Наместо дискотека и бројни пријатели, Тамара роденденот го прослави во кругот на своето семејство и нејзините најблиски, меѓу кои и нашата позната манекенка Катарина Ивановска.
Една од пријателките на пејачката објави нивна заедничка фотографија на која позираат пред полна трпеза со храна.
Пејачката денес наполни 36 години, а свеќите на роденденската торта полна со свежи јагоди ги дувна заедно со нејзината ќерка Хана.