Раперот Паф Деди (Шон Комбс) на својата мајка Џенис за 80-от роденден ѝ подари еден милион долари и луксузно црно Бентли…

На својот Инстаграм профил тој објави нејзина фотографија и ѝ посвети емотивен статус.

„Постојам поради оваа убава, грижлива, полна со љубов, забавна, таа која секогаш ми ја говори вистината, паметна и апсолутно неверојатна Кралица! Најдобрата мајка на светот! Те сакам засекогаш!“, напиша раперот и додаде дека неговата мајка и покрај тоа што има 80 години изгледа фантастично без филери и уредување.

Instagram
Instagram

Тој покажа и колку неговата мајка се воодушевила од автомобилот Бентли.

Instagram
Instagram

Страницата „Got That Hip Hop“ на Твитер објави дека покрај луксузниот автомобил Џенис добила и чек од милион долари.

Инаку, на истиот ден, 21 декември, се родени и ќерките на Паф Деди, близначките Џеси и Д`Лил.

Instagram
Instagram

Преземено од Еспресо.мк