Пејачката Јелена Карлеуша се вакцинираше, денес, околу 9 часот во белградскиот трговски центар „УЖЕ“. Таа пристигна на местото за вакцинација непосредно пред закажаниот термин и ја прими вакцината „Фајзер“.

Пред вакцинацијата, Карлеуша помина низ стандардна процедура на дезинфекција на рацете, мерење на температурата и разговор со лекар.

Таа рече дека вакцинацијата е одраз на јавната одговорност и почитта кон здравствените работници.

Инаку, вчера на својот инстаграм – профил пејачката објави дека денес ќе се вакцинира и ги повика сите граѓани да го сторат истото.

ФОТО | Јелена Карлеуша: Утре ќе се вакцинирам против коронавирусот