Поранешна британска манекенка и пејачка, Саманта Фокс (55) со децении важеше за секс симбол, а мажите ширум светот лудуваа по неа. Сепак, таа сè уште сака жени.
Иако нејзината сексуалност не е ништо ново, многу фанови сепак беа изненадени од веста кога привлечната русокоса стапи во брак со својата долгогодишна партнерка.
Саманта беше во врска со нејзината менаџерка Мајра Стратон многу долго време, сè додека, за жал, Мајра почина од рак во 2015 година.
По четири години, таа ја пронајде среќата со сегашната свршеница Линда, со која наскоро ќе ја озаконат врската.
Нејзината партнерка е Норвежанката Линда Олсен која е мајка на два сина, а приватниот живот Олсен го чува далеку од медиумите и јавноста.