Во поголемиот дел од годината Кано Кристалес е како и секоја друга река, меѓутоа на крајот на јули таа „процветува“ во пет силни бои.
Кано Кристалес е река во Колумбија која важи за најубавата, но и најчудната река во светот.
Нејзиното име значи „кристален канал“, но е позната и како „реката со пет бои“ или „течно виножито“.
Таа буквално така изгледа на крајот на јули – во неа се комбинираат жолтата, зелената, сината, црната и црвената боја….
Палетата од бои ја создаваат праисторискиот црн кварц, зелената и жолта мов, како и силно црвените и розеви ендемски билки „Macarenia clavigera“ кои цветаат под вода сезонски во втората половина од годината.
За нејзината атрактивност допринесуваат и водопадите, како и кружните базени кои настанале од камењата.
Илјадници нијанси на жолта, црвена, зелена, сина и црна создаваат глетка која што ги остава без здив дури и најрамнодушните минувачи.
Но, до најубавиот дел од реката, кој се наоѓа во пустина, не може да се пристигне едноставно, па до „рајските“ делови се доаѓа само пешки или со коњ, што целата посета на оваа река ја претвора во своевидна авантура.
Уживајте во нејзината природна убавина…