Неспоредливо со помпата и гламурот што ни ги носат „Греми“ наградите, музичките награди „Билборд“ се посебни на свој начин.

Вчеравечер во Лос Анџелес се одржаа музичките награди „Billboard Music Awards“, на кои посебно се истакна пејачот на „The Weeknd“, освојувајќи дури 10 награди во различни категории од вкупно 16 номинации.

„Сакам да ја искористам оваа можност да им се заблагодарам на моите родители“, рече тој додавајќи:

Заради вас, јас сум човекот што сум денес. И секако, благодарам на моите обожаватели. Јас не го земам ова здраво за готово, изјави пејачот.

„The Weeknd“ беше прогласен за најдобар машки изведувач, најдобар изведувач на радио песна, најдобар R&B изведувач и најдобар R&B машки изведувач.

Покрај тоа, „After Hours“ беше прогласен за најдобар R&B албум, додека неговиот сингл „Blinding Light“ ја доби наградата за најдобра радио песна и најдобра R&B песна.

Подоцна во шоуто, The Weeknd ја изведе песната „Save Your Tears“ на паркинг во Лос Анџелес, со кореографија во која учествуваа и многу автомобили кои го следеа пејачот.