Кики Николиќ и стана позната на јавноста како дел од осмата сезона на реалното шоу „Парови“, освојувајќи ги многу брзо симпатиите на публиката.

Кристијан Кики Николиќ (23) е родена во Шабац, сака да и се обраќаат како жена затоа што отсекогаш се чувствувала така иако е родена како маж. Нејзината мајка е по потекло од Хрватска, а татко и по националност е Ром. Кики пораснала со нејзините родители и пет браќа и сестри. Поминала извесно време растејќи во Белград, молејќи се да преживее како финансики така и низ пеколот и суровоста на нејзините врсници.

Не е точно дека родителите ме отпишаа. Престанав да одам на училиште самостојно. Ме малтретираа и навредуваа поради физичкиот изглед и однесување. Сето тоа беше неподносливо за мене, изјавила Кики во една прилика, која притоа и потекнува од многу сиромашно семејство.

Сепак, таа не се откажала од својата цел – да стане популарна по секоја цена. Пред да се пресели во Дизелдорф со своето семејство во 2013 година, Кики долго време се чувствувала како како жена заробена во машко тело. Само поради таа причина многупати била жртва на врсничко насилство.

Откако се преселила во Дизелдорф, работите конечно почнале да се менуваат. Таа запознала друга култура, стекна искуство и конечно решила да го направи првиот чекор кон популарноста. Дури во 2016 година во јавност започнува да се претставува како жена, а дотогаш се облекувала и однесувала како маж. Како што вели, „сè уште не им признала на своите родители дека е трансвестит, но тие веќе го знаат тоа“.

Сè уште не им кажав на моите родители, знам дека не прифаќаат, но не се жалат. Јас сум нивно дете, тие мора да ме прифатат каква што сум, не можат да ме убијат поради тоа.

По скоро 10 години живот во Германија, искуството во реалното шоу „Парови“ го означува и почеток на нејзината слава која допрва доаѓа. Во шоуто поминала осум месеци, но нејзината популарност драстично пораснала во моментот кога станала активна на социјалната мрежа „Тик – Ток“ и започнала да ги снима своите секојдневни авантури. Кики е омилена на социјалните мрежи, особено кај помладата популација, а притоа не планира да запре со тоа што го прави и смета дека ќе биде најголемата ѕвезда досега.