Пејачката Кети Пери стана мајка минатото лето. Пејачката со актерот Орландо Блум ја добија ќерката Дејзи Доув Блум. За пејачката ова е прво дете, за разлика од актерот Орландо кој го има синот Флин (9) од бракот со манекенката Миранда Кер (37).
me: I’m going to be productive today
also me: pic.twitter.com/PvsKoaxGc5
— American Idol (@AmericanIdol) April 4, 2021
Мајчинството бара многу откажувања, а меѓу многуте пејачката сподели дека депилацијата на нозете сè уште не е на нејзината приоритетна листа, споделувајќи ја нејзината ситуација како нова мајка за време на судењето во „Американски идол“
Во една од емисиите на „Американскиот идол“, каде Кети е член на жирито и се обрати на натпреварувачката Касандра Колман:
„Вашиот глас е духовно искуство. Тоа е од друг свет, ангелско е. Како нова мајка, немам многу време, па престанав да ги бричам нозете. Но, кога пееше, влакната на моите нозе се искачија за пет сантиметри. Чувствував трнење по целото тело! Тоа беше неверојатно“, изјавила пејачката.
Таа дури и им ги покажала влакната на нозете на своите колеги од жирито, ставајќи ги нозете на масата.
Пејачката подоцна објави анимирана слика со влакнести нозе на својот твитер – профил и напиша: „Вистински поглед на моите нозе кога ќе ја слушнам како пее Касандра“, се пошегува таа.
Пери призна дека да се биде мајка е најдобрата работа на светот, но дека кога ќе станете мајка, сите други работи стануваат помалку важни.
An actual live look at my leg hair while I hear @casscoleman sing #AmericanIdol pic.twitter.com/RPn2gtvzhZ
— KATY PERRY (@katyperry) April 5, 2021
„Мислам дека почнуваш да разбираш некои работи кога ќе станеш мајка … едноставно треба да се фокусираш да бидеш мајка. И тоа не затоа што не ги сакаш другите луѓе, туку едноставно затоа што сакаш да бидеш добар родител“, објаснила пејачката.