Претставникот на Естонија на овогодинешниот натпревар за песна на Евровизија, Уку Сувисте, настапи вчеравечер, во второто полуфинале на натпреварот, а социјалните мрежи беа преплавени со коментари за неговиот настап, но и за неговата убавина.

Иако, за жал, не се пласираше во финалето на натпреварот, барем ја освои титулата за најубавиот маж на овогодинешната Евровизија.

„Ова беше магично“, „Колку убав човек“, „Тој е најубавиот учесник на Евровизија досега“, се едни од бројните коментари што може да се најдат под видеото од настапот на претставникот на Естонија на официјалниот евровизиски ЈуТјуб канал.

Уку со години е на списокот на најпосакувани мажи во неговата земја, а неговите разголени фотографии ги воодушевуваат особено неговите бројни обожавателки. Пејачот посветува особено внимание на неговото тело и вежба, активно и посветено со години.

Пејачот е роден во малото гратче Вир во Естонија, а музичката кариера ја започна уште во 2004 година.