Принцот Хари (36) вчера одржа импресивен говор на добротворниот концерт за обединување на светот во Лос Анџелес, чија цел е глобалното освестување за важноста од вакцинирање против вирусот ковид-19. Ова е воедно неговото прво јавно појавување по погребот на неговиот дедо, принцот Филип.

„Поздрав до сите. Се наоѓаме во одлучувачки момент во глобалната борба против ковид-19. Вечерва е момент за славење секој од вас тука, вакцинираните работници и милионите јунаци ширум светот од првата борбена линија против коронавирусот“, го започна своето обраќање принцот Хари.

Фото: Профимедиа

„Минатата година храбро и несебично се боревте да не заштитите. Се жртвувавте со многу храброст, познавајќи ги последиците. Ви должиме огромна благодарност“, додаде принцот.

Тој нагласи дека пандемијата не може да заврши доколку не делуваме сите колективно.

„Вакцинирањето мора да се спроведе секаде. Не можеме да одмараме или навистина да закрепнеме доколку не биде секаде достапна вакцината. Вакцините мораат да бидат основно право за сите“, продолжи Хари.

„Никој од нас не треба да мисли дека ќе бидеме добро кога толку многу луѓе страдаат. Во реалноста, особено во оваа со пандемија, кога било кој страда, страдаме сите. Мораме да бидеме емпатични и сочувствителни со луѓето околу себе. Мораме да го подигнеме целото човештво и да обезбедиме ниту едно лице да не остане зад нас. Тоа што го правиме во овој момент, ќе остане во историјата и вечерва особено се солидаризираме со милионите семејства ширум Индија кои се борат со разорниот сој на вирусот“, додаде принцот Хари.