Едноставно сите уживаме во нивните дружби и со задоволство ги следиме сите нивни заеднички моменти кои Турунџиева ги споделува на социјалните мрежи.
Овојпат, Сузана ја врати Атиџе во школските клупи во Основното училиште „Гоце Делчев“ во Скопје со една посебна причина.
Дени е предвремено родено дете со исклучителен талент. Таа пишува песни, изработува честитки и пее во училишниот хор. А физичката попреченост не ја спречува да посетува и часови по танц.
Турунџиева на својот фејсбук-профил сподели и дека деновиве со Атиџе имаат онлајн активности и дружења со нејзините ученици.
„Таа ни беше гостинка на часовите по Танци и народни ора и Проекти од музичка уметност, а тие беа воодушевени од нејзиното уникатно животно училиште и со огромно внимание ја слушаа додека таа им пееше и им раскажуваше за обичаите, фолклорот и особеностите во нејзиниот крај. Бесценето“, вели Сузана.