Иако има само 19 години, казахстанскиот модел Евгениј стана нов трендсетер…

Евгениј Ли има 19 години и благодарение на локалниот фотограф тој стана светски познат.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Неговиот необичен изглед кој е последица на ретката генетска абнормалност, или албинизмот отсекогаш го правел необичен и поинаков од другите.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Иако последици од неговата болест се слабиот вид и неможноста да биде на сонце, Евгениј тоа не го спречило да студира медицина, а во иднина вели дека сака да се занимава со физикална терапија.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Како што изјави, неговата цел никогаш не била да биде модел, но бидејќи неговиот изглед е необичен, тој ја прифатил приликата која му ја пружиле со надеж дека ќе ги охрабри и другите луѓе да ги прифатат своите различности и да се сакаат токму онакви какви што се.