Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, во Тетово присуствуваше на четвртиот настан од иницијативата „До вас, за вас“, која е дел од посветеноста на за приближување на полицијата до граѓаните.
Директорот Јанев го отвори настанот на дружење и заеднички активности на полицијата со граѓаните и истакна дека ова иницијатива е исклучително важен чекор во создавање подобра комуникација а со тоа соработка и доверба меѓу полицијата и заедницата.
„Граѓаните знаат дека овде сме за нив, ние сме нивен сервис и во една заедничка соработка можеме да оствариме напредок во повеќе сегменти, како во сузбивање на криминалот така и во превенција на сите такви појави и заеднички да придонесеме кон една поголема безбедност на сите. Статистиката покажува дека полиција е секогаш прва на местото на настанот и со ваква подадена рака до сите граѓани нашата порака е дека полицијата е партнер на граѓаните, одговорна за нивната безбедност и сакаме да ја добиеме довербата на сите наши граѓани.“, потенцираше директорот Јанев.
Директорот Јанев на крај уште еднаш даде уверување дека полицијата не е тука да владее туку да им служи на граѓаните бидејќи таа потекнува од нив за нив и взамената соработка и доверба со граѓаните ќе продолжат да се надградуваат постојано и во иднина.