Руските и украинските сили со денови водат жестоки битки за Северодонецк, клучен град во источна Украина. Ако Северодонецк падне во руски раце, тоа ќе значи дека Русите ја презеле контролата врз целиот регион Луганск.
Advertisements
На социјалните мрежи денеска се појави видео на кое, според „Скај њуз“, се гледа како странските борци пристигнуваат во Северодонецк за да се борат рамо до рамо со украинските бранители.
Foreign fighters have joined the Ukrainian forces in Severodonetsk to help retain control of the strategic city.
Latest on the war in Ukraine: https://t.co/OjwVY8NGtL pic.twitter.com/JDZwDGmuKR
— Sky News (@SkyNews) June 7, 2022
Не е сосема јасно кога е направена снимката, но се претпоставува дека видеото е снимено неодамна./Makfax