Откако неодамна беше објавен првиот трејлер за долгоочекуваното собирање на екипата од серијата „Пријатели“, на многумина внимание им привлече необичното однесување на Метју Пери, кој во серијата го глумеше Чендлер. Имено, актерот за време на интервјуто за „People“ зборуваше неразбирливо, прескокнуваше зборови, раскажуваше нејасно…

Бидејќи е познато дека актерот се бореше со зависности, многу фанови се загрижија за него. Како што дознава британскиот „The Sun“, Пери пред интервјуто бил на забар, и за време на интервјуто бил во болки.

„Членовите на неговиот тим изјавија дека бил на итен зафат кај забар претходно истиот ден. Бил во болка, а тоа влијаело и на неговото однесување и поради тоа нејасно зборувал. Никој не сака да дава интервју по забарски зафат, но тоа некогаш едноставно се случува“, раскажал изворот.

Да се потсетиме, актерот имаше проблеми со алкохолот и дрогата. Своевремено тој за „BBC Radio 2“ раскажа дека делумно не се сеќава на снимањето на „Пријатели“.

„Не се сеќавам на три години. Таму некаде меѓу третата и шестата сезона. Бев малку надвор од сето тоа“, изјави тогаш тој.