Не знам дали Агенцијата за национална безбедност ќе има слух, да изврши деласификација или делумна декласификација, се во интерес за да можеме во детали да ѝ соопштиме на јавноста, истакна Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.

„Она што го очекувам од овој надзор е да не биде дозволен увид во сите документи кои ќе ги побараме, кои агенцијата се разбира смета дека треба да ни бидат достапни, но и оние кои ќе ги побараме на наша барање.

Лично јас веќе имам подготвено околу триесетина прашања кои ќе ги упатам, а се разбира се во интерес на расчистување на овој случај. Едно од тие прашања кои ќе ги поставам, а за жал ако состанокот ќе биде класифициран, нема да може да ви го дадам јас одговорот, е што се случило со полиграфистот кој се посочува, барем во брифинзите кои ги има дел од јавноста, како клучен, односно тој кој ги спровел полиграфските тестирања. Дали е тој сè уште на работа, дали заминал, дали заминал под притисок итн? Што се случило со шефот на внатрешната контрола, зошто тој бил сменет? Според мои информации, можеби не е вистина, но зошто тој бил сменет непосредно пред да започне оваа внатрешна истрага во агенцијата и така натаму“, праша Петровска.

Според неа тоа се многу прашања кои како што истакна, се во интерес на овој надзор и обезбелоденување на вистината околу „овој таканаречен скандал“.