На аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина вчера се случила тепачка во која учествувале повеќе лица, објави РТВ Дукаџини на својата Фејсбук страница.

Причина за тепачката е тоа што некој погледнал во нечија сопруга при чекирањето.

– Зошто ја погледна мојата сопруга при чекирањето? – била реченицата која довела до масовната тепачка во која две лица се повредени.

На двете лица им била укажана лекарска помош, потврди портпаролката на полицијата Флора Ахмети.

Полицијата соопшти дека седум лица осомничени дека се вмешани во овој инцидент се приведени во полициската станица во Липјан.