Напаѓачот на Милан го постигна најубавиот погодок во историјата на американската МЛС лига.
Златан Ибрахимовиќ две години ги бранеше боите на Лос Анџелес Галакси во чиј дрес на 56 натпревари реализираше 52 голови во МЛС лигата.
Од сите негови погодоци во САД посебно се одвојува еден, оној првиот на своето деби за ЛА Галакси.
Токму тој гол беше прогласен за најдобар во историјата на МЛС лигата.
И сезонава блеска на 39 години, со Милан моментно е најдобар стрелец во Серија А со 10 погодоци.