Милан вечерва во 18 коло од најсилното италијанско првенство забележа уште една важна победа на гостувањето кај Каљари (0:2). После овој 13 триумф сезонава „росонерите“ се на водечката позиција со 43 бодови, три повеќе од градскиот ривал Интер.

Клубот од „Сан Сиро“ ги израдува своите навивачи благодарение на погодоците на Златан Ибрахимовиќ кој стрелаше во седмата минута од пенал и во 52 мин. после асистенцијата на Калабриа.

Иако од 74 минута гостите беа со играч помалку поради црвениот картон на Саелемакерс, успеаја до крајот да ја задржат предноста.

Кога сме веќе кај Ибрахимовиќ (39), дефинитивно докажува на терените дека годините не му претставуваат пречка да блеска и понатаму на натпреварите во Серија А.

За првпат во кариерата на девет мечеви по ред во „топ 5 лигите“ како стартер ги тресе мрежите, а со првиот погодок во 2021 година се погрижи 23 година по ред барем еднаш да се запише во листата на стрелците.